Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Билјана Стојческа, програмски координатор на Младинскиот Сојуз од Крушево кој е активен во Крушево, како и во  канцеларијата во Скопје, која служи како Национален центар за средби и активности на младите луѓе активни во рамките на Младинскиот Сојуз.

ТАТЈАНА- Добар ден Билјана и добредојдовте во Радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво .

-Вие сте програмски координатор на тимот на млади луѓе кои ја предводат организацијата кон остварување на своите цели. Сите заедно и постојано инвестирате време, знаење и енергија со цел остварување на нашата визија, а сите вложени ресурси се почитуваат подеднакво во нашата организација.  Како на слушателките би им ги опишале вашите  активности?

БИЛЈАНА – Размислував како со една реченица да ја претставам нашата организација, динамична со слоган Биди глас-не ехо. Ние имаме активности од млади за млади кои се ставени пред предизвик, многу младински е се, од друга страна и фокусирани сме на точно кој теми, и точно се  знае зошто токму тие теми. Младите во ЕУ процеси, регионални поврзување, млади и вработување и се околу младите, фактички пред нас се многу предизвици. Ние имаме голем број на неорганизиарани млади луѓе. Тие што с еорганизирани се секаде, но тие што не се после училиште организирани, нив ги има многу.

-Вашата визија е: Активно вклучување на младите луѓе во сите пори од општествениот живот и нивно влијание врз донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво.

БИЛЈАНА – Секој ден правиме нешто и остваруваме. Тешко е да се мери колку, но младите се се погласни. Активно работиме за вклучување на младите, на сите нивоа, институции на државно и локално ниво, со сите алатки што можеме да се организираме. За да се постигне мисијата е младите да излезат од нивната конфорна зона и да почнат на глас да зборуваат. Не е видливоста толку важна, секој поединец е важен. Иако има разочарувања сепак одиме напред.

-Работите и на делот на младинско вработување  и претприемништво . Како ги вклопувате тие проекти и колку претприемништвото е привлечно за младите?

БИЛЈАНА-Претприемништвото е актуелна тема на младите.Кога ќе објавиме такви теми имаме голем интерес од страна на младите. Ние имаме алатки и ги тераме младите да ги користат. Младите не треба да чекаат да  се вработат во јавна администрација. Ние го форсираме социјалното претприемништво. Веруваме во технологијата и ја промовираме. Младите  кои се самостојни се среќни и здрави.

-Програмата на МСК го промовира младинското вработување и претприемништвото преку неколку активности меѓу кои се стратегиите за вработување. На какви се активности работите во овој дел?

БИЛЈАНА- Ова е широка платформа од 15-16 држави, поттикнување на еко системи за поттик на социјалните претрпријатија. Сакаме системски промени не кај младите сакаме да работиме на локално ниво. Млад човек во Крушево отвара бизнис со слатки. Ако Крушевчани отидат во Прилеп и го заобиколат,младиот човек ќе се откаже. Сакаме да развиеме подршка на системот кон младите. Не само во бизнисот туку и во системот на пример во Општините  и да им ги отвориме вратите на младите.

-Младинската работа и неформалното учење играат важна улога во развивањето на креативниот и иновативниот потенцијал на младите луѓе, вклучувајќи и претприемачки вештини. Како го поттикнувате младинското претприемништво?

БИЛЈАНА – Апсолутно работиме на тоа, ваквите проблеми се од немање подршка на локално ниво. Ние веруваме дека ако младата жена добие подршка од заедницата нема ништо да го спречи. Сега работиме на проект за подршка од тој еко систем. Ако успееме да го пробиеме тоа во еден град, ќе ја утврдиме дијагнозата и ќе ги детектираме механизмите кои ги има  да се развиваат.

-Какви се настани  имавте во последниов период, околу спроведените активности на “Kлучна акција 2”  програми,  четвртата Еразмус + Клучна акција 2 „ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЕКОСИСТЕМОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА РЕЗИЛИЕНТНИ ГРАДОВИ. Малку да ни ги објасните овие Програми! (овдека и мене не ми е јасно баш ама тука сте вие да објасните )

БИЛЈАНА – Наша обврска е секојдневно да вложуваме во младите. Анализи правиме секојдневно, колку заедницата е отворена и одговорна кон младите. Во државата нема доволно факти и податоци за млади во оваа држава. Секој ден работиме на ова поле. Сега работиме на тој проект со многу обуки за развој на свои бизниси, од каде финансиски ресурси, како да ја насочат кампањата. НПЖП е систем за подршка, колку и какви ги има. Младите имаат интерес за ова. Какви услови им овозможуваме е тука проблем т.е. предизвици кои треба да се совладаат. 12 години ги учиме какви да бидат младите. Ние како општетсво ако ја совладаме најслабата карика образованието, ќе освоиме многу предизвици.

-Колку сметате дека Националната платформа за женско претприемништво, е потребна да се развива за да се обезбедат повеќе услови за да се создадат услови за развој на женското претприемништво и да се охрабруваат младите?

БИЛЈАНА- Јас ви благодарам што постоите и што го работите ова. Треба да ве подржуваме исто како што треба и младите да ги подржуваме. Конкретно за работите и активностите , добро е што не сте концентрирани само во Скопскиот регион. Поблиски сме со младите од Прилеп, Струмица, Крушево, Кавадарци, Неготино. Многу е важно да бидеме достапни за сите.

-Што се вашите планови во следниот период?

БИЛЈАНА-Имаме големи идни панови. Сакаме да отвориме канцеларија за младинска соработка со Грција, сакаме да имаме мапа на градови за развој на социјални претпријатија, сакаме најмалку 15 градови пријатели на младите. Со добар тим ќе успееме се!

ТАТЈАНА -Да Ве поздравам со вашиот слоган Биди глас, а не ехо! А за нашите слушателки ова беше епизодата со Билјана Стојческа од Младинскиот Сојуз на Крушево, активна организација за младите.

За гостинката

БИЛЈАНА СТОЈЧЕСКА

Слободното време го имам малку, не скијам мразам адреналин, планинарам, пешачам низ планини, тоа ми е ментална трерапија , еднаш неделно сум на планина ,таку каде сум родена секако дека има врска со тоа што го носам со себе.

  • https://www.facebook.com/biljana.stojceska1

    https://www.facebook.com/YouthAlliance1