Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода која ја посветуваме на  ГОРАН ЛАЗАРЕВСКИ.

-Лазаревски е магистер по економија по меѓународен менаџмент и диплома по економија, и двајцата од Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и диплома по применета економија на Институтот Моесингер во Цирих, Швајцарија.

На неговите позиции како ЦОО, извршен директор и претседател на Управниот одбор, како и директор на канцеларијата во Косово за водечки ИКТ систем-интегратор, тој имаше можност да работи на деловната транспарентност и етика, принципите на корпоративно управување и воведување на најдобри практики во поле на оперативен менаџмент, финансии, продажба, маркетинг и истражување/развој во ИКТ бизнисот.

Ова е една од најавите кои можев да ги извлечам за вас, а следните позиции и ангажмани би сакала сам да ги кажете на нашите слушателки.

ГОРАН- Голем поздрав до вашите членки, ми претставува задоволство да разговараме за оваа тема за женско претприемништво, и за мене не е во ред ако треба само жените  да дискутираат за тоа. Не се работи за родово прашање туку за национална целина. Во сите овие години имав прилика и среќа да работам во различни дејности, поаѓајќи во туристички услуги, преку цивилна авијација, индустрија на прехрана,козметика …и сето тоа од тој период, преку научните институции ,ИЗИС и во информатичко-комуникациска индустрија се до досегашниот ангажман каде сум во проектите на УСАИД, каде работевме на микрофинансиските услуги, вклученост на ранливите категории, широк дијапазон на активности, кој бара соодветен ангажман и чуство на задоволство.

ТАТЈАНА- Каква е вашата меѓународна професионална работа, со оглед на тоа дека дел од образованието го имате стекнато и во странство ? Каде сте настапувале и што е вашиот преиоритет?

ГОРАН- Во тек на изминатите 10 години работев на многу проекти на јакнење на улогата на целината на општеството, јавноприватен дијалог , и за да може државата да ги подигне деловите кои треба сите неформално но релно вклучени во предлагањето на мерки. Работевме многу на градење на механизми, процесот е спор и бара промена на однесувањето, на менталитетот, не сме средина во која дијалогот се подразбира, влечеме традиција на наредби и извршување. И кога постои искрена намера да се менуваме нема потешка од онаа на менување на човекот. Оној момент кога ќе се увиди дека тие механизми даваат ефект, тие кои ќе го увидат тој придонес и само така се шири тој процес кој е многу потребен но не само демагошки, туку треба да с еспроведува во пракса.

ТАТЈАНА- На Првиот Самит за женско претприемништво ја одржавте работилницата ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ. Допревте неколку важни прашања, што е финансискиот менаџмент, како се управува со финансии и што не е финансиски менаџмент. Каков е одзивот од страна на жените претприемачки?

ГОРАН- Убаво е чуството кога зборувате за одредена тема да ги следите реакциите на оние што ве слушаат, јас можам да кажам дека жените повнимателно слушаат и следат и јас на оваа работилница тоа го забележав и многу ми е драго што имав можност за ваква средба. Многу е важно да  знаеме што е а што не е финансиски менаџмент. Ние имаме предрасуди дека сметководителите ги водат финансиите, а не е точно. Не треба  сметководителот да ги води финансиите, тој само спроведува вие што сте решиле. Вие во фирмата водите, исто како дома вие како семејство. Ако се разбере компанијата како семејство, со финансиите раководите вие како финансови менанџери и менанџери воопшто. Се друго е шпекулација и се случува и кога сопственикот носи одлуки тоа да е грешно. Во однос на каматите има народот многу непознаници кои може да се осознаат и да се прифатат  како реален трошок на годишно ниво.

ТАТЈАНА-Колку според вас жените се вистинска движечка економска сила, со оглед на тоа дека посветувате внимание на финансиски обуки како основа за стекнување на вештини во развојот на жените од бизнис секторот?

ГОРАН- Жените во нашето општетсво заземаат се поголема улога но сеуште се неоправдано маргинализирани, во семеен бизнис се само партнери но во руралните средини е срамно и ниско и нема оправдување се за тоа, а причините се културолошки, социолошки, не се финансиски. Сега има можности но ако видиме дека структурата во руралот е очајна од сите аспекти,  образовен, имотен и традиционално се во подредена состојба.

ТАТЈАНА –  Сметате ли дека НПЖП и другите вмрежувања на жените од бизнис светот даваат позитивен ефект во развојот на женското претприемништво?

ГОРАН- Да , затоа што посотојат многу жени во нашата земја кои околината ги уверува дека не можат да успеат сами и така им зборуваме и на децата. Не сме општество кое сака да превземаме ризици. На жените им е потребен пример на успешни праактики, и кога ке ја видат некоја со крената глава како успеала како жена претприемачка,  таа е поттик и самите да направат промена. Промените почнуваат од себе. Потребни се многу промени посбено во руралните средини, каде имотите кога се оставаат на машките а ако се понуди на женско тие го одбиваат. Промена на традиционални норми  за кои во Скопје и другите големи  градови не сме свесни како тоа функционира во пасивни краишта. Ние не знаеме зад ѕидовите какви жени има и кои се чувствуваат изолирано  а денес во Македонија во руралните краишта е тешко да се биде маж а камоли жена.

ТАТЈАНА -Горан, постојано активности но имате ли некој зацртан план за следниов период?

ГОРАН- Кај нас Проектот на кој работам се бави со владеење на право, борба против корупција и транспарентност не постои во мојата работа  политичка Агенда и се надевам и планиурам да останам на теми кои се приоритетни, да имаме подобра држава, иако многу елементи се подобрени но треба уште многу работи.

Ви благодарам на разговорот, а на вас драги слушателки ова беше Горан Лазаревски, финансиски менаџер, магистер по економија по меѓународен менаџмент и диплома по економија, и двајцата од Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и диплома по применета економија на Институтот Моесингер во Цирих, Швајцарија.

За гостинот

ГОРАН ЛАЗАРЕВСКИ

„Кога зборувам за приватниот живот мене оние 90-ти години ме недостигаат, во тој контекст. Релаксацијата се сведува на дружби со блиски пријатели, на мезе во Дебар Маало, на традицијата која си ја негуваме а  тешко ни падна со пандемијата кога моравме од се да с еоткажеме но еве  по малку с евраќаме во некоја нормала.

Семејно патуваме секогаш кога има можности, и така се договоривме  на почетокот на заедничкиот живот со сопругата,  дека се што ќе успееме да заработиме да го насочиме со посета на разни култури и градови. Најмногу уживам да шетам низ непознати градови без компас и Агенда. Тука не ги ставам службените патувања.  То се две работи кои ми даваат да се рехабилиритирам и релаксирам“ – ни сподели дел од приватниот живот Горан во разговорот.

  • https://www.facebook.com/goran.lazarevski.9