Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

МОНИКА ЗАЈКОВА

Добредојдовте во уште едно издание на радио поткастот на Weradio, поткаст на Националната платформа за женско претприемништво. И оваа епизода за вас подготвивме нова инспиративна приказна на уште една успешна и креативна Македонка.  Јас сум Марија Котовска, а потрагата по инспиративна професионална приказна овој пат не донесе во македонското Собрание, во кабинетот на пратеничката и прва жена лидерка на Либерал – демократската партија, Моника Зајкова.  Taa меѓудругото вели – „ Кога си млада жена во политиката, треба многу повеќе да работиш и да се трудиш за да бидеш видлива и да биде чуен твојот глас за решенија корисни за граѓаните, бидејќи сеуште сме во матрица наследена од некој претходен систем, во кој жените се секогаш повеќе на удар во јавноста. Секогаш кога жената ќе дојде на одредена позиција, се бараат задни аргументи дека некој и помогнал или дека била со некого, а наместо да го гледаат вашето образование, квалитет и решенијата што ги нудите, ве третираат и гледаат само како убавата пратеничка или лидерка“.  Но, токму Моника Зајкова е одличен доказ дека една млада жена може истовремено да биде и убава и паметна и успешна.

Зајкова вели дека времињата во кои жената немала други обврски освен во домот се одамна помината и нормално е во секој дом да постои поделба на работните задачи меѓу партнерите. Додава и дека рамноправноста не треба да се третира како феномен, туку како дел од реалноста во која живееме, бидејќи улогата не жената единствено како домаќинка е одамна надмината.

МАРИЈАШто ве мотивираше и инспирираше да влезете во светот на политиката и со какви предизвици се соочувавте на почетокот, а со какви сега?

МОНИКА Најпрвин да ви се заблагодарам за можноста. Она што ме мотивираше да влезам во светот на политиката беше желбата нешто да се направи или нешто да се промени, бидејќи во периодот на студиите бев една од оние млади луѓе кои што имаа некоја аверзија кон политиката, но беа главни учесници во младинскиот и невладиниот сектор и гледате дека кога не сте внатре на масата никој не ви ги слиуша вашите идеи и што е она што сакате да го менувате. Затоа решив да запливам во политичките води малку посериозно и со свои предлози да почнам да се обидувам да менувам нешто од она што ми пречи во системот. Предизвиците секогаш постојат и се огромни. Прво кога млад човек ќе навлезе во политиката, наоѓа на линија на отпор од повозрасните кои си ја знаат политиката уште од девеседетите години и секогаш ве третираат како млада и некоја штоуште не била родена кога тие веќе се занимаваме со политика. Но, кога упорно ќе работатите на она што го сакате и желбата да видите дека нештата се менуваат ве води напред. Сепак сум од онаа генерација од која голем дел на луѓето масивно си заминаа од земјава и кога веќе решив да останам тука, сакам нешто да промениме и верувам дека системот, само со трудољубивост, искрени напории суштински реформи може да го менуваме и да бидеме подобра земја. Предизвиците се уште поголеми затоа што иако не сум многу млада, имам триесетина година, сеуште ме сметаат за млада жена и треба многу многу повеќе да работите и да се трудите за да бидете видливи и вашиот глас да биде слушнат, затоа што најчесто и кога кажувате искрени и корисни решенијаза граѓаните, не може да ве слушнат, бидејќи сеуште сме во онаа матрица во која веруваме на постарите политичари и сакаме да бидеме во една конформна зона. предизвиците се уште поголем, и затоа ако

МАРИЈАВие сте прва жена претседателка на Либерал-демократската партија. Какво е чувството и одговорноста да се биде првата претседателка на оваа политичка партија и како вашите сопратијци и сопартијки го прифатија вашето назначување?

МОНИКАОдговрорноста е огромна. Јас бев Претседателка и на младината на оваа партија и влегов во неа исклучиво заради идеолошката определба, иако сега многу малку влегуваат во партиите заради идеологија. Јас речиси пораснав во оваа партија, бидејќи се градев од нејзините најниски нивоа, така што сум одлично прифатена од членовите. Моментално одиме кон тоа да привлечеме уште повеќе луѓе кои имаат симпатии кон либералната идеологија и веруваат во неа и мислам дека со упорна работа и трудољубивост ќе може да ги видиме промените за кои што се бориме.

МАРИЈА Дали фактот што сте жена во политиката повеќе ви помага или одмага?

МОНИКА Иако не треба да се гледа дали помага или одмага, бидејќи треба квалитетот да биде пресуден, а не полот, но во нашето оштество одмага, затоа што ние жените сеуште се бориме со патријахат и стеротипи и иако сакаме да кажеме дека жените се глава на куќата и дома,сепак во политиката се изоставени во носењето на важните одлуки. Иако можеме да видиме дека има жени на важни извршни позиции, сепак тоа е мал и незначителен број и тие се секогаш повеќе на удар на јавноста, пасекогаш кога жената ќе дојде до одредена позиција, се бараат задни аргументи дека некој и помогнал или била со некого, а никој не го гледа нејзиниото образоавание или квалитет и што таа говори. Секогаш ве третираат како убавата пратеничка или убавата лидерка, а никој не ве слуша што нудите со вашиот интелект. Многу ќе бидам среќна кога луѓето повеќе ќе говорат за интелектот што го носи еден човек, отколку за надворешниот изглед, полот, возраста и слично.

МАРИЈА Во рамките на вашата партија постои и функционира и Форумот на жени. Што е она што е моментално во фокусот на ова тело и какви иницијативи планирате за во блиска иднина ?

МОНИКА Форумот на жени постои како посебно статутарно тело во партијата и си имаат свој начин на организација, а ако јас се прашувам и доколку се стремиме и се бориме за целосна еднаквост на жените , форуми на жени не треба да постојат бидејќи треба да бидат интегрирани во сите органи на партијата. И она што за прв пат го имаме во ЛДП е застапеност од 40 проценти на жени во Управниот одбор и 50 проценти во Извршниот одбор.

МАРИЈА Во Собранието сте член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Кои позначајни активности може да ги очекуваме перидов таму ?

МОНИКА Во периодот кој што следи, преку оваа Комисија веќе имаме отворено постапка за формирање на интерпарламентарна група за еднородителски семејства односно за самохраност, на барање на здружението на Дороти Пачкова.

МАРИЈА Како ја оценувате моменталната состојба со женските права и инклузивноста на жените во Македонија? Каде бележиме напредок, а каде уназдување?

МОНИКА Може да кажеме дека бележиме напредок во делот на легислативата што се носи, имаме низа закони кои што ја штитат жената и обезбедуваат еднаквост и рамноправност, но она во кое што сеуште стоиме во место е свесноста. Затоа секогаш напоменувам декае многу важно од мала возраст да работиме на едукацијата, бидејќи родовата рамноправност не е некаков феномен, тоа е нешто што нормално постои и детето треба нормалнода гледа дека и мајката и таткото еднакво придонесуваат во домот и се борат. Ние ја подигнавме на ранг на општествен феномен, а не треба да е така. Имаме уште работа во делот на наследувањето и имотните права, иако и тука имаме значителни подобрувања, иако жените порано не наследувале имоти, гледаме дека процентот на жени што наследуваат имот расте. Имаме жени на клучни позиции и семејства каде што жените многу повеќе финансиски придонесуваат од своите мажи. Така што улогата на жената само како домаќинка која придонесува во домот полека исчезнува и не треба да е срамно жената да е посветена и на домот и на својата кариера.

МАРИЈА  За жал, во Македонија сеуште читаме наслови од типот „Жените да ги засукаат ракавите и да почнат да месат леб“ и апсолутно се согласувам со вас дека ваквите наслови се недозволиви во едно модерно општество и дека и мажите, нели, може да замесат леб. А фактот што ваквите примитивни наслови се пласиираат од медиумите како креатори на јавното мислење и новинарите како дел од интелектуалната елита, е поразителен. Каков е вашиот коментар за оваа состојба и како да се поправи ?

МОНИКА Треба да работиме на медиумската писменост. Јас апсолутно ја почитувам слободата на медиумите, но навистина треба да се внимава на насловите и она што се пласира на интернет. Првата информација ја добивате преку насловот и јас разбирам дека заради читаност особено по порталите се ставаат наслови кои ќе предизвикаат ефект да го отворите текстот но тоа. Мојата изјава дека и мажите можат да месат леб беше така испинувана и само тоа се извади како наслов и предизвика лавина од негативни реакции. Имаше и позитивни коментари, но и многу негативни и секакви безобразни пораки од мажи на мојата фан страна. Улогите кога само жената седела дома и немала никави други обврски се одамна надминати прашања и нормално дека во секој дом постои поделба на задачите меѓу партнерите.

МАРИЈА Родово базираното насилство кое неретко завршува со тешки телесни повреди и фемицид, во Македонија се повеќе зачестува, а вие неодамна бевте и дел од осмомартовскиот марш за женски права оддржан под мотото „Ќе преживеат ли жените овде?“. На што се должи порастот на овие девијантни појави насочени против жените и што се треба да се преземе за спречување на истите во иднина?

МОНИКА Ние имаме огромна законска легислатура во овој дел, а знаеме дека се менуваше и Кривичниот Законик, но за жал во пракса работите не се менуваат така брзо. Едукацијата е многу важна, од најмала возраст.  Секој акт на насилство не треба да биде премолчен, дури и да изгледа како нешто незначилтено, мора да се пријави за да не прерасне во нешто поголемо.

МАРИЈА Од друга страна, македонското општество, иако многу полека, сепак сигурно ,излегува од стегите на неправедниот и угнетувачки за жените патријахален систем, а професиите и сферите кои до пред некое време беа квалифицирани како машки, целосного губат тој атрибут благодарение на огромниот број преуспешни жени, вклучувајќи го тука и претприемништвото. Како ја оценувате состојбата со женското претприемништво во Македонија и што е она што може да се направи за подобрување и унапредување на положбата на жените претприемачки кај нас?

МОНИКА Сега имаме многу развиени жени претприемачки. Гледаме дека на сите оние настани и саеми што се случуваат генерално жените се вклучени во претприемништвото и го водат напред. И мислам дека веќе постојат низа мерки кои што ги дава државата за помош, а тука сме секогаш и ние жените политичарки да им помогнеме на жените претприемачки.

МАРИЈА Неодамна реализиравте средба во рамки на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“. Кажете ни што опфаќа овој проект и какви можности создава за жените од руралните средини?

МОНИКА Остварив средба со претставници од таа рурална коалиција која работи на овој проект и имаат развиено интернет страна каде што може да ги видите изработките на жените. И она што беше тема на разговор беше законот за социјалното претпримништво кој што е исто така значаен. Меѓутоа, целта на овие средби е повеќе да дадеме поддршка, да ги охрабриме и да им помогнеме да добијат поголема видливост.

МАРИЈА Националната платформа за женско претприемништво, во чиј фокус е создавањето на подобри услови за женско претприемништво, претставува еден спој на мрежи во единствена платформа за претставување на интересите за сите нивоа. Какво е значењето од вмрежувањето во вакви женски иницијативи за потенцијалните и постојните жени претприемачки ?

МОНИКА Значењето може да го видите во поддршката која ја добива. Постојано имаме настани што се организираат од страна на Националната платформа, а важни се и контактите кои што ги разменувате, па секогаш може да си споделите искуства и да си помогнете во некои области, а  ние сме тука да помогнеме во институционалниот дел. Значи од вмрежување не може да има негативни појави. Контактите и поддршката покажуваат дека не сте сами на патот и дека има други жени кои се тука и секогаш ќе стојат зад вас.

МАРИЈА Какви се вашите планови и проекти за во иднина?

МОНИКА Не сум човек што ја проектира далечната иднина, но во следниот период ќе работам на иницијативи што ќе значат подобрување на правата на сите граѓани. Сите мои заложби додека сум во политиката ќе одат во насока на креирање на  политики што ќе заначат суштински промени во системот и системски решенија, за подобар живот на луѓето во секојдневието и кои што треба да водат кон тоа да бидеме општество во кое секој ќе се чувствува безбедно, еднакво и ќе живее среќно.

Епизодата ја подготви и реализираше Марија Котовска

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Зајкова вели: “Би им порачала да бидат што поактивни и да им пркосат на сите предизвици. Стравот дека некој ќе ги стигматизира и дека ќе доживеат неуспех е сосема неоправдан. Самодовербата треба да не води напред и десет пати да паднеме, може десет пати да станеме. Уверена сум дека кога една жена сака нешто, нема нешто што не може да го направи за да го постигне тоа“.